МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК: ВЕСНА АЦЕВСКА
КОЈ ДРУГ На портата потропнува, кој друг освен смртта, на животот сестрата. И прагот го преминува на водата заматена, на земјата запотена, на летото залегнато, на зимата што ни иде, на домата затраена. Кој друг освен смртта, на животот сестрата, на пеење повикува… Облакот е црна харфа, а зраците златни струни…
Details