Диме Ратајкоски
ОСАМА
Долина Ван Фенг, провинција Гуичоу 10 август 2016 г.
Жедни се камењата во Тијанчинг
Го чекаат дождот за да се напијат капки старо злато
Таму во Малинг, каде месечината се капе сама во
моите очи.
ТАКЛАМАКАН
Дунхуанг, провинција Ганѕу, 16 септември 2017 г.
Јас сум само проследувач на облаци
Напластена декорација пред лавежот на последниот Чи Лин
Јас сум само релјеф на времето вкопан во песокот на
Јужната Градина. Јас сум само жолтеникава сенка залутана
низ пустината.
Изустен шепот одвеан со последното лисје
Такламакан!
Такламакан!