БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ
доброволна основа се здружуваат и членуваат писателите, заради остварување на
своите професионални, авторски и други заеднички и индивидуални права и интереси, и за унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола.
Основни цели и задачи на друштвото се:
● Да дејствува врз база на афинитетот и жанровската припадност во афирмација
на литературното творештво и неговиот развој.
● Да остварува и развива соработка со ограноци и други писателски асоцијации.
● Да го стимулира уметничкото творештво на подрачјето во Општина Битола.
● Да ги поттикнува и стимулира литературните творци на теми значајни за ова
подрачје.
● Да врши поширока презентација на творештвото.
● Да развива соработка со институциите од областа на литературата, културата и
науката.
● Да организира литературни средби и предавања од областа на литературата, да
иницира и организира промоции на нови книги.
● Да издава свои изданија и литературни дела, да доделува награди и признанија.
● Да соработува со образовните институции и да го поттикнува литературното
творештво.
Членување во друштвото
Член на Друштвото може да биде секој писател од подрачјето на Битола кој е член на Друштвото на писатели на Македонија или во независни писатели , и кој ги прифаќа одредбите на Статутот и има желба и интерес да работи за остварување на целите и задачите на Друштвото.
Друштвото е организирано и дејствува на жанровски принцип. Друштвото е
отворено за сите граѓани, асоцијации, организации и институции кои ја прифаќаат
неговата Програма и Статут.
ИСТОРИЈАТ НА БКК
и е регистрирано во Основен суд Битола со решение Рег.згф.81/05 од 21.02.2006 год.
Основачи на друштвото се писатели кои живеат на подрачјето на Општина Битола, а се
членови на Друштвото на писатели на Македонија, или независни писатели со
афинитет и жанровска определба согласно член 18 од Статутот на Друштво на
РАКОВОДСТВО НА БКК
претседател Елизабета Јончиќ, секретар Никола Кочовски
●2015 – 2018
претседател м-р Зоран Пејковски, секретар Весна Мундишевска Велјановска
●2011 до 2014
претседател Петре Димовски, секретар Кире Неделковски