МАРИЈА НАЈТХЕФЕР ПОПОВ
ИЗБИРАМ МОЛК
Сакам
да молкнам
бидејќи чувствувам
зборови тешки
силни
ако се изговорат
можат да
раскопаат рани
да покренат
порои и лави
од шок
срцето да застани
твоето
или
моето
можеби
и на некој
кој слуша од страна
Ти велам
Остави
Одлучувам да молчам
посигурно ни опстанува
немиот разговор
помалку
само помалку боли
неразбирањето
и ускратеното потпрашување
кое ќе предизвика ново
и се заканува да праша,
тоа
што е подобро
да се премолчи
да не се кажува
никогаш
да не се изговори
како што е подобро
орозот
да не го повлече
некоја рака
неумешна
да го спречи
страдањето
Сакам
да молчам
бидејќи претчувствувам
дека со молкот
може љубовта
да ни трае
зборот се заматува
се залетува
полетува
во стрела се бруси
попатно отруен бива
и се убива
Затоа остави ме
да молкнам
избор
единствено можен
љубовта да ни потрае
Превод од српски на македонски јазик:
Весна Мундишевска-Велјановска