Претседателката на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола Елизабета Јончиќ и директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола м-р Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка.
Со потпишувањето на меморандумот се зајакнуваат односите помеѓу двете институции и се дефинираат основните начини и услови за соработка во врска со организирање и реализација на проекти од областа на библиотечната дејност и книжевноста.
Дел од активностите на овој меморандум се промоција на нови изданија на писателите од Битолски книжевен круг, реализација на заеднички работилници од областа на книжевноста, реализација на литературни конкурси, читања, тркалезни маси и сл.