Виктор Радун Теон (Србија)/ Viktor Radun Teon (Serbia)
Виктор Радун Теон е роден 1965 г. во Скопје. Работи како професор по екологија и економија на Факултетот за применета екологија „Футура“, при универзитетот „Метрополи-тан“ во Белград. Пишува поезија и проза, а се занимава со философија и студии на иднината. Преведува од англиски на српски јазик и обратно. Негови поетски творби, есеи, прикази и раскази се објавени во многу списанија, зборници и антологии. Напишал голем број научни и стручни трудови од областа на менаџментот, маркетингот, глобалната економија, филосо-фијата и студиите на иднината. Преведуван на шпански, романски, македонски и словенечки јазик. Уредник е на ИК Неопрес паблишинг, Белград и оперативен уредник е на списанието „Бранковина“. Автор е на книгите „Јајцето на еднорогот“ (2008), „Конкуренцијата на нишан“ (2008), „Светлината во човекот“ (2010, второ издание во 2017), „Вавилонски водопади“ (2012), „Чудото на Фениксот“ (2013), „Крв и роза“ (2016), „Храм на екстазата“ (2017), „Големата Ѕверка“ (2017), „Трансхуманизам, Иднина без луѓе“ (2018) и „Змија на бурата“ (2019). Член е на Управниот одбор на Друштвото на писателите на Војводина, Здружението на новинарите на Србија, како и на Друштвото на стручни и научни преведувачи на Војводина. Во 2022 год. ја добил меѓународната награда „Гоцева мисла“ за придонес на културолошката мисија, развојот и негувањето на уметноста, науката и културата, како и разбирање и соработка меѓу народите, а на XI-та манифестација „Битолски книжевни паметења“ добитник е на наградата „Мозаик“ за достигнувања на странски автор.
ЗАГЛЕДАНОСТ
набљудувањето ја создава музиката
од сферата кон средиштето
во ритам на дрвото
таму никнуваат арабески
тонам во сигурно
без глас
трчам во крај
геометријата е засолниште
таму кадешто лицата
немаат последна нијанса
извирам директно од сопството
во кршливост
линиите на моето тело
се обронуваат бучно
во катаклизмички вир
приклучен на интерфејс
замислувам апстрактни зборови
спасувањето е оксиморон