КАКО БРОД НА ЕЗЕРОТО . . . ПОПЛАДНЕТО полека минуваше како брод на езеро со мирни води, на градите твои темјанушки трепереа милувани од огнен здив. Таму ти промрморев тебе, блиску до фонтаната, во паркот што ги чува тајните копнежи, „Јас сум како рудар што со почит копнее по вените на твојата нежна љубов…”…
ИНЕС БЛАНКО, КОЛУМБИЈА (INES BLANCO, COLUMBIA): АПРИЛ (ITHACA 729)
Април И… април дојде со својата пролетна светлина. Смеејќи се како цвет облечен во сончевина, во боја и хармонија. Ефемерниот април… како црешов цут, како трпет на колибри. Под твојата светлина сум родена со дожд меѓу очите; месечината беше сведок. Inés Blanco, Luna de abril, Colombia Инес Бланко, Luna de abril, Колумбија Превод на англиски:…
КРИСТОФ ЈАНАКС, АВСТРИЈА (CHRISTOPH JANACS, AUSTRIA): ПЛАЧОТ НА ГАЛИЛЕЈ (ITHACA 728)
ПЛАЧОТ НА ГАЛИЛЕЈ зошто би се конструирал телескоп што покажува невозможни нешта? зошто би се насочувале очите кон празното небо? човештвото не знае да гледа сепак, верувам во умот и искушението на непознатото. токму затоа конструирам некорисни нешта и мислам на незамисливото Кристоф Јанакс, Aвстрија, 1955 Christoph Janacs, Austria, 1955 Превод: Жермен Дрогенброт…
ЏОКОНДА БЕЛИ, НИКАРАГВА (GIOCONDA BELLI, NIKARAGUA): КАКО БИ БИЛО ДА ТЕ ПОБАРАМ ВО ДАЛЕЧИНАТА? (ITHACA 727)
КАКО БИ БИЛО ДА ТЕ ПОБАРАМ ВО ДАЛЕЧИНАТА? Како би било да те побарам во далечината? —Eunice Odio Како би било да те побарам во далечината, љубов, љубов што ме донесе пред влезот на дрвото, до летот на пеперутката, до силата, до животот, и што по радоста ме донесе до тагата? Како би било да…
ЖЕРМЕН ДРОГЕНБРОТ, БЕЛГИЈА-ШПАНИЈА (GERMAIN DROOGENBRODT, BELGIUM – SPAIN): TРАГИ. НАДЕЖ (ITHACA 726)
ТРАГИ Бурата се смири: зрнцата песок се смешаа со алгите на плажата, трагите на побеснето насилство. Но не запира беснеењето на другите места: куќите се запалени таму не лежат алги таму лежат мртвите како крвави траги на една убиствена војна. НАДЕЖ Зима е: свежиот ветер ги откина последните лисја од дрвјата кои порано им беа…
РЕЈ БЕРОА, ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА/ САД (REI BERROA, DOMINICAN REPUBLIC/ USA): ТРИ ВАРИЈАЦИИ НА ТЕМА МИР И ГУЛАБ (ITHACA 725)
ТРИ ВАРИЈАЦИИ НА ТЕМА МИР И ГУЛАБ I Толку е голем мирот на еден гулаб што стручњаците за мир велат дека само еден гулаб би бил доволен за да го рашири низ земјата сиот мир што луѓето го бараат несвесно. II Толку се многу гулабите на мирот што стручњаците за гулаби велат дека само еден…
Светски ден на поезијата: Елизабета Јончиќ
Елизабета Јончиќ ОСАМА Се воздигнав од Осамата се извишив негде нагоре лебдам и гледам како со подбив силно ја расчепкав како ја гребам, ја кубам, и ја мачам до срце да ја заболи. (Осамата нема срце?) Тоа негде во главата замислено го направив, да се охрабрам… Велат преку рацете нечисти зараза…
Светски ден на поезијата: Мирјана Стојановска
Мирјана Стојановска БЕГАЛЦИ ОД СВОЈОТ ДОМ (Извадок од поемата) Кој е твојот дом? Празна соба, празни фиоки, празнина во срцето, како дупка во големата вселена што проголтува сė, па и мојот дом. Мојот дом е и твој дом. Мојот сон се слева во твојата визија за благосостојба и среќа за љубов која дава…