Михајло Свидерски
Лице
Ти ништо не бараш
ништо не посакуваш
по ништо не копнееш
и ништо не ти е потребно
Самата ти си сè
и меч и оган
и дожд
и простување
Што си ти?
И какво ти е лицето?
Светлина.
ПОТОП
И јас
допловувам до Арарат
се качувам по Абарим
одам по пустините на Египет
ќе го поминам и Содом
без да погледнам во жена
твојот глас е над водите
дај ми знак
за да стигнам кај тебе
како патник