Елизабета Јончиќ
Трпеливост
Станувам сведок на трпеливо време
во него,
крстот добива друга форма,
Плитката вода тоне длабоко
сомилоста е туѓа на човечноста,
честа се сквернави со понизност
се грабаат сите вредности.
часовникот е принуден
Со отстапка на временското кормило
да поднесе оставка безволно.
станувам сведок на трпеливо време
во него,
децата раѓаат родители
Воздухот е на црната берза
народот зборува со измешани јазици
подземјето владее под бело знаме,
и новата врева е тишина.
јазикот е голтнат во груба муцка
Само кадифена душа ги запира сите потопи.