Никола Илијовски
Извадок од „Премолчено пладне“
*
студот е немир
што го гаси виното
во ноќта зимскa
*
една мравка и јас,
одиме на југ
во блуз под месечина
*
тоа што не било
доаѓа во сонувана
игра на умот
*
пчела во лет
и една стара љубов
е заборавена
*
претпролетен дожд
раситнува облаци
во саботен џез