ВЕСНА МУНДИШЕВСКА-ВЕЛЈАНОВСКА: ПЕПЕРУТКИ НА СОНОТ
ПЕПЕРУТКИ НА СОНОТ Ноќта наместо снегулки снежи пеперутки на прашниците од сонот. Во созреаните импулси на моментумот јас го живеам сонот а тие – животот во миговен континуум. Ноќва пеперутките на сонот наликуваат на кокичиња на тревникот на пролетта. Раскрилени во ѕвезди ќе се у(с)покојат во цветот на разденот. Во Списание за книжевност,…
Details