НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈ
Никогаш не ја заборавај
јаловата планина која оживеа минатата пролет
со бранови од црвени азалеи
што пламнуваат во снегот
зад високите ридови на
небото.
Никогаш не го заборавај
гласниот водопад
и силниот млад бамбус
што ѕирка од неговиот центар.
Откако ме одведоа во синџири,
по долгото, долгото искушение—
откако сите целосно заборавија на него—
одеднаш до мене повторно го чувствувам
присуството на пријателите.
KIM Chi-ha, South Korea (1941)
КИМ Чи-ха, Јужна Кореја (1941)
English version by Germain Droogenbroodt & Stanley Barkan/ Превод на англиски: Жермен Дрогенброт и Стенли Баркан
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska/ Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 712
POINT Editions
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.