Милица Димитријовска-Радевска
Разговор
Зборувавме вчера на телефон точно 48 минути и 23 секунди
И денес зборуваме точно 30 секунди подолго
Што кажавме, колку докажавме
За миг сѐ е јасно и солзите се потврда на спознанието
Телефонот се исклучи
Прекини во линиите
Телефонот повторно ѕвони
Долги, и сѐ подолги приказни преку телефон
А стари и прастари крикови во глуво доба
НЗС на две жени на телефон
Во право е оној што те пресретнува во мислата
-стој! и број ги обидите на залажувања
Дека слободната волја
Е хуманизација на припратени глуварчиња.