Кире Неделковски
Искупување на гревовите
Во зборовите на луѓето
се Тие – грешките и гревовите
таложени и чувани во мислите
и сега се бара од Спасителот
прошка
со оставена крпа
за да ги Избрише грешките
со оставено масло во манастирот
за да се Подготви иднината
без навреди и злодела.
Во зборовите често Лежат гревовите
голи и сурови како секири
од некое далечно минато
и сега се Моли нашиот Спасител
да го реши случајот
да ја Исчисти душата
со својата Моќ
која ја Поседува пред јавноста.
Стварноста е сосема поинаква
знае Тој
дека обичните луѓе ќе грешат
од разни слабости и причини
и понатаму ќе Бараат
искупување на гревовите –
чистење на грешките.