ЛИДИЈА ДИМКОВСКА: КУЌАТА ШТО СЕ РАСПАЃА
КУЌАТА ШТО СЕ РАСПАЃА треба што побрзо да се еутанизира, да ѝ се исклучат водата, струјата, гасот, да ѝ се пломбираат телевизорот, телефонот, рутерот, сите апарати да ѝ се извадат од прекинувачот, цевчето за инфузија да се повлече со еден потег и ќепенците да се замандалат за последен пат, а потоа…