МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК: ЛЕНЧЕ МИЛОШЕВСКА
СОН. ФУСТАНЧЕ Од сите сосетки мајка ми единствено ја ценеше баба Вангелица. Еден ден додека внимателно го следев нивниот разговор, мајка ми рече: – Синоќа, на сон, Јана ја облеков во прекрасен кадифен фустан со бели пиленца извезени по рабовите. – Убави гласови ќе чуеш, рече баба Вангелица. Истиот ден мајка ми го распара…