РАЗОРУЖЕНА СТРАСТ
Антрополошки истрошен
Провинциски апстинирам
Сами сме под небото
Јас и песот
Просјачиме низ градот
Естетика поразлична од темнината
Пред секоја урнатина тој лае
Небаре ќе го пробуди уништеното
Мојата страст е разоружена
Повеќе не сум господар пред излозите со храна
Останувам сам со гитарата
И ноќните птици
(Илиќ, Ј. (2016). Разоружена страст. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, П. Димовски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 15-16, стр. 75)