УСМРТУВАЊЕ НА МИСЛАТА
Убиј ја Мислата,
жестоко, немилосрдно
како што таа тебе те убива.
Двојно,
кога ја создаваш и осознаваш.
На создавање и осознавање
прелагува,
пребарува,
пребродува,
заробува.
Тројно,
кога ја храниш, кога те зазема
кога ја оставаш убојно
да те љуби.
Како што таа знае да те уболни
со прегор
со прекор
до премор.
Убиј ја мислата,
жестоко, немилосрдно,
не попуштај, држи ја!
На птицата летот скрати ѝ го!
На водата текот сотри ѝ го!
На небото крајот најди му го!
Сонцето надѕвезди го!
Пак жедник ќе останеш,
со жегол поттурнат
за со Неа да војуваш.
(Јончиќ, Е. (2016). Усмртување на мислата. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, П. Димовски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 15-16, стр. 78-79)