МЕЃУ ДВА СВЕТА
Заробен меѓу два света,
Со оковани мисли и страсти во пранги.
Да живееш нечујно
Да тонеш стихијно
Да стискаш заби низ виорот на постоењето,
Да се правдаш пред грешните дека не си единствен
Во редот на искушението,
Да мрмориш низ камен простор
да се молиш во пеплосан храм
Да го развееш знамето на поразот.
Да исповедаш живот во празнината на земјата
Каде ни семката од тварта не расте без синџир.
(Ратајкоски, Д. (2016). Меѓу два света. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, П. Димовски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 15-16, стр. 81)