***
Се раѓаш како човек
Живееш како некој
Умираш како секој
Но, има некои
кои тоа не го сметаат за важно
и целиот живот повтат
стварното да го заменат за лажно.
Доцнат таквите насекаде
дури и кога ќе треба да сфатат,
дека на животот и на смртта
ништо не можат
ниту да додадат, ниту да скратат.
(Кацаров, Т. (2017). ***. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, П. Димовски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 17, стр. 48)