КЛАУДИЈА ПИЧИНО, ИТАЛИЈА (CLAUDIA PICCINO, ITALY)
Клаудија Пичино е италијанска поетеса, објавена во над 100 антологии, а била и член на жири комисии
за доделување значајни национални и интернационални книжевни награди. Пичино е национален
раководител за Европа за Светскиот фестивал на поезијата (World Festival Poetry), ја промовира
истанбулската култура во Италија како амбасадор на асоцијацијата „Ист Санат Арт“ (Ist Sanat Art
Association). Има објавено 34 книги поезија меѓу кои има нејзини авторски книги, но и преводи на
италијански јазик на познати поетски имиња ширум светот. Добитник е на многу награди за својата работа.
Уредник е на меѓународните книжевни списанија „Papirus“ (Турција) и „Atunis“, но и на италијанското
списание „Gazzetta di Istanbul“ коешто се печати во Истанбул.
СОНЦЕТО ВО ОГЛЕДАЛОТО
Твојот одраз во сивилото
кое сјае низ него.
Тројно прекршување од мене
од тебе, од нас.
Сталактитите на старите болки
се сретнуваат со моите сталагмити
И како точки од молив
ги закривуваат виножитата
на мрачното море
што ја покрило
мојата вознемиреност.
Едно сонце во огледалото
те лаже.
Во маглата
измамата си ја изгуби бојата.
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska