САНКАР САРКАР, ЗАПАДЕН БЕНГАЛ, ИНДИЈА (SANKAR SARKAR, WEST
BENGAL, INDIA)
Санкар Саркер е индиски автор. Едноставноста е клучна за неговата креативност збогатена со
естетика, наука како и митска и емпириска философија. Тој е автор на A New Philosophical Classic: Theory of
Love, I love you, Why? Am I only Bastard?, Wings Of Rhythm, Rhythm (во коавторство), A Triangle of Love (во
коавторство со д-р Џенет Паскул (Филипини) и Мајкл Форестер (Велика Британија)), Ekoi Britte (збирка
поезија на бенгалски јазик), Tumi Keman Achho (збирка поезија на бенгалски јазик), Handful of Dust (збирка
поезија рецензирана од 15 универзитетски професори), како и Dandelion Cadence (во коавторство со проф. д-
р Даниела Андоновска-Трајковска, Борче Панов и Сридар Саркар). Тој е автор на Besides, и уредник на
литературното списание BUBBLE, кое се објавува на англиски јазик. Уредник е и на Bridge, антологија на
поетски творби од поети од Истокот и Западот, објавена во 2020. Тој ја има добиено и наградата
BANGAGOURAB во 2016 од Кара Кабар.
ИСТО НЕБО
Немој да заборавиш
немој случајно да заборавиш
дека ние или сме пријатели или непријатели
никогаш не ќе заборавиме
дека сме разговарале
како воздухот и белите дробови, телото и душата,
умот и емоцијата
не можеме да заборавиме
како што земјата не може да го заборави дрвото
и дрвото – сонцето;
не можеме! никогаш нема да бидеме осамени
како остров!
ние сме плодна почва
од која никнува вечнозелената флора
на љубов и човечност
за да го прегрне универзумот!
немој случајно да заборавиш
дека сме поврзани од јазолот на релативноста
илјадници врски нѐ спојуваат
како папрати и фауна
како што светлината и темнината
нѐ осветлуваат и нѐ затемнуваат
и пак сме група од долга традиција што тече
во бескрајните вени на создавањето!
Исто небо држиме како меморијален споменик
посипано со ѕвезди над главата
го прогонуваме овој свет, овој простор
и бескрајниот брег на мистеријата како туѓинци
Како безбројните живи точки на божествениот график
човечка мапа сме
Не можеме да се заборавиме еден со друг
Поврзани сме среде предците или астралното
Translation from English into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска