Олга Лалиќ-Кровицка (Полска)/ Olga Lalić-Krowicka (Poland)
Олга Лалиќ-Кровицка е родена 1980 г. во Шибеник, Хрватска и е со
полско-српско потекло. Дипломирала србокроатистика на катедрата за
славистика на Јагелонскиот Уни-верзитет во Краков, Полска. Почесен граѓанин
е на царскиот град Сирмиум (Сремска Митровица) од 2014 г. и лаурет на
наградата „Мисаоник“ за 2014 г. Автор е на околу 15 книги поезија, драма и
бајки. Преведувана е на повеќе јазици и застапена во антологии. Добитник на
15-тина книжевни награди меѓу кои: прва награда на полскиот поетски конкурс
(Кросно, 2004), главна награда на Мелнички вечери на поезијата (Бугарија,
2006), „Златен круг“ за афирмација на српската сатира во светот (Белград,
2010), меѓународната награда „Naji Najman” (Либан, 2015), „Книжевна далга“ на
„Струшките книжевни средби“ (Струга, 2016), Гран при за драма на
манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ (Битола, 2018), награда за
преводи од полски јазик од Здружението на книжевни преведувачи на Црна
Гора (Подгорица, 2020) и др. Превела повеќе поетски и прозни дела на автори
од Полска и од Балканот. Се занимава и со фотографија, цртеж, сликарство и
дизајн. Свои трудови изложувала на колективни изложби во Србија и
Македонија. Живее и создава во Дукла, Полска.
***
дали солзите на поетот
со ангелски бол
окружуваат крилја
со својот воздив
постои и и постои а
постои вечност
без букви
не додавај ништо
и и а нека
ја запишат поезијата на ангелите
Превод од српски на македонски јазик: Весна Мундишевска-Велјановска
Translated from Serbian into Macedonian: Vesna Mundishevska-Veljanovska