ЖОЕЛ ВЕРНЕ, ФРАНЦИЈА (JOËL VERNET, FRANCE)
Жоел Верне е роден во Маргерид, мало село на границата помеѓу Горна Лоара и Лозер во Франција.
Во седумдесет и петата година од минатиот век почнува да патува низ целиот свет, посебно низ Африка, со
подолг престој во Мали. Објавил голем број книги кај издавачите „Летр вив“ (Lettres Vives), „Фата моргана“
(Fata morgana), „Л’ тмп кил фе“ (Le Temps qu’il fait), „Л’Ешампет“ (L’Escampette), „Ла румер либр“ (La
Rumeur libre), во кои развива посебен стил меѓу поезијата и патописниот дневник. Во своите книги тој ги
слави најмалото и најголемото, блиското и далечното. Престојувал две години во Алепо (Сирија). Веќе
дваесетина години живее во едно мало село, не за да се оддалечи од светот, туку да му се доближи.
СТРУГОТИНИ ОД НАДВОР
Зимско патување по Балканот
Во еден бар во Загреб, густо вино ми ја топли крвта пред да падне ноќта која доага брзо. Зима
е со своите возбудливи сивила. Слушам возови што влегуваат во станица, шкрипење на тркалата
врз стариот колосек кој се размрсува до бескрај. По неколку саати, од празниот перон ќе скокнам
во вагонот. Мојот дух слободно ке летне во облаците.
*
Ако е жив, духот патува. Со возови, со автобуси. Не се мргоди на ништо. Утрово, капки дожд
удираат врз стаклото од прозорецот, добро спиев, срцето ја чека брзината со која ќе го започне
денот, удирајќи со тупаница по уличката од каде ни доаѓа вревата од автомобили, лудилото од
автопатите. Кога ќе запрат човечките бучења што се будат со нас во сивото утро ? Соништата го
оставиле нивниот пасош во оваа соба на периферијата каде не води една уличка. Духот се двоуми
помегу желбата да замине, да остане. Се е можно во време на зима. Едно девојче оди кон школото
под еден голем чадор како под некоја купола што ја забележувам од прозорецот. Нејзиниот чекор е
толку лесен што го снемува во утрото. Одеднаш, тоа е постаро од капката врз нејзиниот образ.
Погледнува нагоре, за среќа не ме забележува. И мене ме снемува под светлината на
автомобилите, утринската врева, желбата да заминам, да останам.
*
Ја чекаш иднината, не на колена, туку простум во застрашувачката светлина која умира помеѓу
трамвајските шини по кои одат големи гулаби со рѓосани дамки и извалкани шепи од градот и
старите злоби. Рој кучиња ги влечкаат нивните господари и господарки со таква нежност што
солзи ми навираат кога сонцето удира по стаклото: старците никогаш не се сосема сами. Доволно
е да имаат куче на поводник и куќа да се згрижат. Можеше да останеш во собата но ти тргна по
добрите совети, можеше да ги броиш и пребројуваш часовите на тишината што капат капка по
капка. Но ти повеќе сакаше да ја отвориш вратата, и да тргнеш по патеката на сонцето. Да не
спиеш во топлиот кревет кога те повикуваат потресите од Надвор.
Превод од француски на македонски: Марија Бежановска Левавасер
Translation from French into Macedonian: Marija Bejanovska Levavaser