Јин Шјиаојан (Кина) Yin Xiaoyuan (China)
Јин Шјиаојан (Yīn Xiǎoyuán, “殷晓媛”) е авангардна поетеса успешна во повеќе стилови
на пишување, меѓу кои и лирика во проза, а исто така и писател со иновативен транс-жанровски
пристап, мултингвален автор, основач на Енциклопедиската поетска школа (Encyclopedic Poetry
School (est. 2007)), иницијатор за движењето Hermaphroditic Writing Movement и главен дизајнер
на Декларацијата на Hermaphroditic Writing.
АГЕНТ ЗА СЕЕЊЕ ОБЛАЦИ
Парчињата од сложувалката пополека ја создадоа нивната фацијална експресија, но што беше
тоа? Блесок преку кино екранот?
Јато птици во облик на вретено?
„Печатот на небото е скинат и отворен од силен ветер, токму таму каде што требаше да бидат
неколкуте мајсторски изведени движења како држачи за хартија, заковувајќи ги преклопените
краеви на четвртините од панорамскиот поглед (но разочарани, тие никогаш не се покажаа
јавно…)“
„Сѐ почна да врне од по страните, на превртливиот заплет на драмата.“
Небото отпрвин беше конкавно како диск за шмукање 1 , со своите сребрени конци кои се
протегаа надолу прицврстени како жици на гитара
Траги од дожд… тие исчезнаа од телото на еден далматинец, а потоа повторно се појавија на
лисјата на Aucuba japonica
„Се собраа на едно место како привиденија под дејство на силата на агентот за сеење облаци,
И се прикажаа себеси како да се на опција за забрзување 2 “
Сѐ почна поради една ономатопеја: „Бум!“ – еден брод силно наведнат од еден челото на еден
бран кој беше подигнат од првата капка дожд
Приказната диво расте:
„Таа ги отсече роговите, стари 25 години, кои растеа на замагленото огледало, Времето мора да
биде последното нешто што ќе издржи до крај, искрварувајќи до смрт.“
Минуваа низ наизменичните струи на деноноќието. Мирис на бел носорог и луминисцентни
инсекти на преријата „Таа ги отсече роговите, стари 25 години, кои растеа на замагленото
огледало, Времето мора да искрвари до смрт.“
Меѓу фиктивното огревно дрво на студено и топло, облаците и нивните ледени кристали се
судираат испреплетени високо во воздухот бришејќи ги облакодерите со нивните треперења/
далечински сензори/ компликации. предзнаци/ шеќер/слаба светлина
Минуваа низ наизменичните струи на деноноќието. Мирис на бел носорог и луминисцентни
инсекти на преријата „Таа ги отсече роговите, стари 25 години, кои растеа на замагленото
огледало, Времето мора да биде последното нешто што ќе издржи до крај, искрварувајќи до
смрт.“
Ракописитеваријаблитезабрзувањетоибрзинатаибелатавреваситетиебеазалепениеднизадругиицел
атаприказнапочнадабегаодконтроланајпосле…
Именки, лични заменки, предвидувања, странцизми и нечујни букви неочекувана промена на
времето плимата и осеката на сложените зборови со цртичка прелива сега
Меѓу фиктивното огревно дрво на студено и топло, облаците и нивните ледени кристали се
судираат испреплетени високо во воздухот бришејќи ги облакодерите со нивните треперења/
далечински сензори/ компликации. предзнаци/ шеќер/слаба светлина
1 Диск за шмукање – дел од вид риби со чија помош се прилепуваат на други риби за да
преживеат, забел. на превед.
2 Како опција за забрзување на сликата со помош на копче од далечински управувач, забелешка
на превед.
Минуваа низ наизменичните струи на деноноќието. Мирис на бел носорог и луминисцентни
инсекти на преријата
„Таа ги отсече роговите, стари 25 години, кои растеа на замагленото огледало, Времето мора да
биде последното нешто што ќе издржи до крај, искрварувајќи до смрт.“
Превод од англиски на македонски јазик:
Даниела Андоновска-Трајковска
Translated from English into Macedonian:
Daniela Andonovska-Trajkovska