ХАНИ РУВЕЛЕР, ХОЛАНДИЈА (HANNIE ROUWELER, NETHERLANDS)
Хани Рувелер (Холандија, 1951) е поетеса и преведувачка. Нејзината поезија е инспирирана од
природата, љубовта, загубата, детството и патувањата. Во 1988 дебитира со „Дождовни капки во
водата“. Од тогаш има објавено 40 поетски книги, вклучувајќи ги и преводите на странски јазици
(полски, романски, шпански, француски, норвешки и англиски). Нејзината поезија е преведена на
околу 35 јазици. Има објавено неколку приказни и е уредник на поетски збирки.
ПОЕТСКА НЕДЕЛА ОД 28 ЈАНУАРИ ДО 3 ФЕВРУАРИ 2021
Поезија цела недела. Кого го усреќувам со тоа?
Се прашувам. Сигурно не мојот сосед со кој штотуку разговарав
во ходникот со торба полна зеленчук. Ниту другиот сосед
кој прима дневна посета од Домот за стари лица.
не ја усреќувам мојата мачка, која повеќе сака да биде галена
ниту мојот зајак кој повеќе сака морков, ниту рибата
која повеќе сака чиста вода во аквариумот.
Имам цела една недела да напишам песна
за оние кои не сакаат да ја прочитаат. Добив телефонски повик
ниту еден збор за поезијата не беше речен, ниту половина збор. ниту дека е добра проза. Само
што ја зедов поштата од поштенското сандаче, немаше таму ништо да се најде исто така, што
укажува на нешто што е поразлично од тоа самото, содржина која те тера да мислиш за броевите
повеќе отколку за што било друго.
Станувам од креветот. Се обидувам да го исчистам мојот ум и да го донесам до убавина,
потреба, рефлексија. Еден глас кој отстапува и се поклонува на неискажливото, гест што покажува
кон нешто во далечината, повикот на скриената птица во ноќта. Поетската недела ќе треба да го
допре срцето, да ја издигне реалноста до степен да може да пее. Полифонија што е над границите.
Translation from English into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска