Автор на сликата: Александар Тасески – Џинго
ЈАЗИКОТ НА МОЛИТВАТА
ОМ,
МИ,
АМИН!
Јазикот на Молитвата
го разбираме сите,
како измолување
Спасение од Бога,
како колективна молитва
на нашите предци Шамани,
како прогонување на Цунами
и други лоши сили
во ритуал кој сите нè врти околу
Земјината оска.
Во ритамот на звуците од природата
го измолуваме Спасението од ова вирусно зло,
ги повикуваме старите ритуали, поклоненија,
бакнување на земјата,
со раце кренати кон небото, со молитва:
Помогни Севишни,
Ти, кој го стовори овој Свет,
сите овие луѓе се твои деца
кои го играат и пеат ритуалот
на измолување СРЕЌА,
РАДОСТ,
МИЛОСТ,
за нашите деца, за нашите домови,
за нашата крв во заедничкиот тек на
Мисли,
Идеи,
Желби,
за подобар живот,
за поддршка на колективниот дух
Ом,
Ми,
Амин!
Во оваа порака до Бога
со Јазикот на молитвата
сите ние ја милуваме и со раце ја галиме
оваа Земја
од која се родивме и каде ќе одиме.
Но, Духот,
Духот го бара својот пат,
пат кон вечноста
како што тоа се случувало
со милиони години…
Дозволи Боже,
дозволи
да живеаме на оваа земја
Шамана,
Ерусалема,
Етиопеја,
Европеја,
Македонеја.
ЈЕА,
УУУ.
МИ,
АМИН!
Јазикот на молитвата
е молитва од сите нас на овој свет,
молитва на сите јазици, а една.
ОМ,
МИ,
АМИН!
Мирјана Стојановска