Автор на сликата: Александар Тасески-Џинго
СрАМ
Оној што и онака е гол
не се засрамува од
соголувањето на другите.
Само олицетворениот срам
сам
без грам срам
некого насамарува
дури и кога
самиот со вграден стент
како лек
во нечиј лелек се самовградува
дрско продавајќи се
како интелектуален патент
иако
боде со шилото од својот остен,
наострен,
пакостен, а
сам
оти
ја
предизвикува осамата,
сам оти ја преморува и измамата,
сам
самозадоволно се изживува
оти вживеан во ништото
ја живурка својата
самотија
сам
сè уште без срам
ама
самотен,
срамотен,
осмртен,
смртен
е
е
е.
Весна Мундишевска-Велјановска