Полска (Polska)
Олга Лалиќ-Кровицка (Olga Lalić-Krowicka)
Олга Лалиќ-Кровицка од Полска е родена 1980 г. во Шибеник, Хрватска и е со полско-српско потекло. Дипломирала србокроатистика на катедрата за славистика на Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска. Била стипендист на Министерот за култура на Полска за 2007 и 2011 год. Почесен граѓанин е на царскиот град Сирмиум (Сремска Митровица) од 2014 г. и лаурет на наградата „Мисаоник“ за 2014 г. Свои творби објавува во списанија и антологии во Полска и на Балканот. Автор е на околу 15 книги поезија, драма и бајки.
Преведувана е на англиски, бугарски, литвански, македонски, руски, белоруски, словенечки, шпански, германски и др. јазици. Добитник е на 15-тина книжевни награди меѓу кои: прва награда на полскиот поетски конкурс (Кросно, 2004), главната награда на фондацијата „Спартак“ на Мелничките вечери на поезијата (Бугарија, 2006), „Златен круг“ за афирмација на српската сатира во светот (Белград, 2010), меѓународната книжевна награда за креативност „Naji Najman” (Либан, 2015) итн., наградата „Книжевна далга“ на „Струшките книжевни средби“ (Струга, 2016), прва награда на поетскиот конкурс „Сеќавање на 1999 г.“ (Ниш, 2018), наградата Гран при за драма на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ (Битола, 2018), награда за преводи од полски јазик од Здружението на книжевни преведувачи на Црна Гора (Подгорица, 2020) и др. Автор е на петнаесетина книги со поезија и драма, како и на бајка. Превела повеќе поетски и прозни дела на автори од Полска и од Балканот.
Се занимава и со фотографија, цртеж, сликарство и дизајн. Свои трудови изложувала на колективни изложби во Србија и Македонија. Живее и создава во Дукла, Полска.
Ангелски танц
Рацете ми висат зад прозорецот.
Се наведнувам надолу
Ќе бидам ангел.
Сакам да мислам – летот е зрел
Да ја барам зрелоста
Која секојдневно ми ги чисти чевлите.
Тоа си ти белокрил. Каков стил
Твојот стил е мит. Баш си рокер
Биди мој пастир убивајќи го ѕидот со главата,
Оној кој скока од последниот кат,
Рокенрол трагедија на ноќта.
Бетовен свири ми
Сега сме во рајот
Го сакам твојот животопис
Необичен е и модерен.
Биди мој мајстор.
Ќе ти зготвам ноти.
Играме рокенрол
Бетовен јас и нашите животописи
Ние сме целосно бели
Додека над Дукла врне снеже
Со откачени крилја
Препев на македонски јазик:
Весна Мундишевска-Велјановска