Полска (Poland)
Алицја Марија Куберска (Alicja Maria Kuberska)
Алисија Марија Куберска е поетеса, романсиерка, новинарка, уредник. Член е на Друштвото на писателите на Полска во Варшава и на Меѓународното здружение на писатели IWA Bograni, Албанија.
Нејзината поезија е објавена во бројни антологии и списанија во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Белгија, Шпанија, Аргентина, Чиле, Перу, Замбија, Нигерија итн.
Добитничка е на медали на натпреварот Носиде УНЕСКО во Италија (2015) и на Европската академија AESAL во Франција (2017), била прогласена за поет на 2017 година од фондацијата Soflay Literature (2018), а награда освоила и на „Tra le parole e ‘elfinito” (Италија, 2018), како и наградите Bolesław Prus и Culture Animator (Полска, 2019) и прва награда Premio Internazionale di Poesia Poseidonia – Paestrum (Италија, 2019).
КРАДЕЦ НА СОНИШТА
Бев тивка, насмеана, не барав ништо.
Ти не очекуваше дека
ќе земам нешто без согласност.
Бев преблиску,
и сè ми беше на дофат на раката.
Како крадец,
Ги украдoв твоите погледи и самотијата.
Твоите мисли,
Ги врзав во мноштво јазли, создавајќи густа мрежа,
А од соништата,
исткаив нежна крива на фигура на жена.
Ја подгреав искрата страст во твоите очи,
и избувна пожар.
Нè обвив во сладок мирис од цвеќиња во мојата коса
И едревме кон многу, далечни ноќи.
Ти си од Марс, јас сум од Венера.
Далечните планети се светлите точки
на небесниот свод на нежноста.
Зборовите и рацете
ни се привлечени од силата на гравитацијата на животот.
Превод од англиски на македонски јазик:
Весна Мундишевска-Велјановска
Translation from English into Macedonian:
Vesna Mundishevska-Veljanovska