БЕЗ НАСЛОВ
На крајот сѐ се чинeше
излишно,
нашите каприци, нашите грижи,
нашите секојдневни зборови
кои се вртат во вителот
меѓу четирите агли на која било законска работа
на крајот сѐ беше
толку предвидливо како расплетот
на секоја добро извежбана драма
затоа нашите зборови замолкнаа
како изморена пустина
по најдолгиот ден од годината
на крајот сѐ не истурка
до работ на зборовите,
кои си ги разменувавме во дебатите,
нашите тајни планови,
нашите лаги низ историјата
на војната и мирот го расплетуваат времето
NilavroNill Shoovro, India
НилавроНил Шувро, Индија
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translated from English into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
ITHACA 718
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 20 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.