СИТЕ ПИЈАНА ВО ШУМАТА
Сакам да свирам на црните клавиши
бидејќи верувам дека ноќната музика
е клучот да се биде сонуван.
Ја сакам музиката на соништата која
е пореална од „сиот чај во Кина“
и од „сето кафе во Гвадалупе“.
Најмногу од сѐ сакам тоа што љубовта
птиците низ цел свет ја пеат од дното на душата, за повредениот свет
да знае повторно дека кога се танцува на една нога
другата не се заборава.
Michael Harlow, New Zealand
Мајкл Харлоу, Нов Зеланд
from: “The Gnosis Notebooks”
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translated from English into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
ITHACA 717
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 20 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.