НИЛАВРОНИЛ ШУВРО, ИНДИЈА (NILAVRONILL SHOOVRO, INDIA): БЕЗ НАСЛОВ (ITHACA 718)
БЕЗ НАСЛОВ На крајот сѐ се чинeше излишно, нашите каприци, нашите грижи, нашите секојдневни зборови кои се вртат во вителот меѓу четирите агли на која било законска работа на крајот сѐ беше толку предвидливо како расплетот на секоја добро извежбана драма затоа нашите зборови замолкнаа како изморена пустина по најдолгиот ден од годината…