АЏИЛАК
Кај што има љубов има сто ангели,
кај што има его нема ниту еден.
Не дарува Бог со милоста своја
рајот земен допре до нас.
Очите не беа виделе толкава убавина
се прелеваше од нив радоста Божја.
Толку љубов не сме почувствувале за цел еден живот
срцата ни беа премали да ја примат сета.
Ни затрепери душата под кријлата ангелски
во воздухот над нив одекнуваа ѕвона.
Очите не ја собраа целата убост
затоа на крајот ни потекоа солзи.
(Стојчевска, С. (2020). Аџилак. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 39)