ПРЕДЗНАЦИ
Една по друга ноќ,
си подаваат лесни мисли и сни,
собираат заборавени делчиња од зборови,
едно ЛЕТО за сите светли неба како топлина на дланки,
еден НЕДОСТИГ на изѕемнетите лица
како платна насликани од изгрев
и КОПНЕЖ на прагот огнен
како световно место за поклон.
(Гогова, К. (2020). Предзнаци. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 40)