ПЛАНдемија
Стој на физичка дистанца,
Со маска прекриј ја устата
Со визир очите,
Миј ги рацете додека не ти се истанчи кожата,
додека не ти се отворат порите за новото нормално.
Остани дома, оти по границите се креваат бетонски ѕидови.
Биди одговорен,
Испиј го утринското кафе on-line
и преброј ги мртвите, заболените,
оздравените, аспмптоматските,
оние на респиратори
и тие во период на инкубација и самоизолација.
Ова е невидлив непријател со којшто мора да научиме да живееме.
Следи ги медиумите и препораките на СЗО
Конспираторите велат:
биолошка војна, психолошка војна, економска војна.
Филантропите деноноќно трагаат по новата вакцина
Отвори го прозорот,
и молчи, чекајќи го вториот бран
утре ќе биде голем ден,
целата твоја историја
ќе ја запишат на еден микрочип.
(Свидерски, М (2020). ПЛАНдемија. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 31)