СПОДЕЛУВАЊА
Делам јавно леб од лексика
Отворено и скриено Дарови нудам
Делам со светов и народов
Споделувам со Господ и песниве.
Вадам лошо и злобно од секој
А давам креативно и напредно
За да ги менувам состојбите
За да ги споделувам со секој.
Делувам брзо и енергично
Влегувам јавно и отворено
Како чиста вода која се дели
Секаде каде што е потребно.
Делам храмови и песни
Делам духовна храна со секој Гласно и јасно
Споделувам со помош на Господ
Можни и неможни нешта.
(Неделковски, К. (2020). Споделувања. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 46)