ЗБОРОГРАДБИ
Збор – камен, за втемел
Збор-утреш, за небиднина
Збор-утре за иднина.
Збор-цвеќе за на чардак
Збор-жед за во бардак
Збор-помен за спомен.
Збор-длето за длабење
Збор-мистрија за градење
Збор-добрина за среќа
Збор-баук за наук.
Градбата од зборови
Исправена стои
Времето го брои
Судбината ја крои.
(Жоглев, З. (2020). Збороградби. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 49)