Лилјана Пандева
Н
насмевната
наросувам неспокој
ненаситни
нектар наточуваме
ноќе
немирни ненаспани
невино
нежност нижеме
небосводот
неверба натежнува
Н
наутро
нерасонети намилувани
напиваме
нар напивка
нагонот
наблажено набрекнува
навестуваме
набој навека
(од стихозбирката „Љубов од А до Ш и обратно“, ПНВ-публикации, 2015)