Димитар Пандев
АХХ
Врз бикова
Слетал глава
Пајак в мрежа
Бикот вплетен
Пајакот горд
Лик во приказ
За игра вешт
За бука в молк
За гангол в нос
За глагол в здив
Пајакот од
Неврат вратен
А бикот в круг
Ратај в нивје
Длаби плодје
В мугри рани
За богот наш
Ах, пајаку
Ти скитнику
Раснат у свет
ОЧИТЕ НА ПАЈАКОТ
Очите на пајакот не се исто што и очи на светец
Иако никогаш никаде не сум видел очи на пајак
Рацете на пајакот не се исто што и раце на пророк
Иако никогаш никаде не сум видел раце на пророк
Јас и не знам има ли пајакот очи и раце и што сѐ
Иако никогаш никаде не сум видел блуден син ни в сон
Јас и не знам светат ли в мрак рацете на пророкот и што сѐ
Иако понекогаш понекаде слушам виденија в сон
И никако да ги различам и пајакот и пророкот и…
(воведна и завршна песна од стихозбирката „Глагољубни песновиденија“, Матица, 2016)