КАКО БРОД НА ЕЗЕРОТО . . .
ПОПЛАДНЕТО полека минуваше
ко брод на езеро со мирни води,
на градите твои темјанушки трепереа
милувани од огнен здив.
Ти промрморев таму тебе, блиску до фонтаната,
во паркот што ги чува копнежите тајни,
„Јас сум како рудар што со почит копнее
по вените на нежната љубов твоја…”
И мирот на гранките беше прекинат,
и кога ти толку нежно рече: „Те обожавам!“
мавтање на крилја се чу над златото
од твојата плашлива и жестока глава,
се закотвија тие таа вечер, и ноќта
одеднаш го протегна своето раширено крило.
Хавиер Виљаурутија, Мексико, 1903 ─ 1950
Xavier Villaurrutia, Mexico, 1903 ─ 1950
Translation Germain Droogenbroodt – Stanley Barkan
Превод на англиски: Жермен Дрогенброт и Стенли Баркан
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 730
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.