ЗАКЛУЧЕН Е СВЕТОТ
Заклучен е светот
луѓето панично бегаат од смртта
како рипки што се удираат
од аквариумското стакло
ги заклучуваат сите врати и прозорци,
ги повлекуваат ќепенците
ги спуштаат ролетните,
ги прекриваат сите огледала во домот
плашејќи се да не ја видат смртта
во сопствениот одраз
Заклучен е светот
морињата и океаните се преселуваат
на географските карти и во атласите
Светот е заклучен
сите негови пустини се затворени
во еден песочен часовник
што ги одбројува времињата
на стравот
(Гаџова Свидерска, С. (2020). Заклучен е светот. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 28)