КАКО БИ БИЛО ДА ТЕ ПОБАРАМ ВО ДАЛЕЧИНАТА?
Како би било да те побарам во далечината?
—Eunice Odio
Како би било да те побарам во далечината,
љубов, љубов што ме донесе пред влезот на дрвото,
до летот на пеперутката,
до силата, до животот,
и што по радоста
ме донесе до тагата?
Како би било да те побарам во далечината,
меѓу куршумите што свират покрај моите рамења,
меѓу вревата што ја создава војната и меѓу солзите?
Како би било, љубов моја, да те побарам во времето
во широките коридори на деновите, вака неисчешлана,
боса, со оваа љубов, љубов
што се витли во мене како морето во мал аквариум?
Како би било да те побарам во далечината, во отсутноста,
во самотијата, во оваa ништожност која злобно ужива
во мојата несигурност како напуштена жена?
Gioconda Belli, Nicaragua
Џоконда Бели, Никарагва
Translation Germain Droogenbroodt – StanleyBarkan
Превод на англиски: Жермен Дрогенброт и Стенли Баркан
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 727
POINT Editions
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.