ПЛАЧОТ НА ГАЛИЛЕЈ
зошто би се конструирал
телескоп
што покажува
невозможни нешта?
зошто би се насочувале
очите
кон празното
небо?
човештвото не знае
да гледа
сепак, верувам
во умот
и искушението
на непознатото.
токму затоа конструирам
некорисни нешта
и мислам
на незамисливото
Кристоф Јанакс, Aвстрија, 1955
Christoph Janacs, Austria, 1955
Превод: Жермен Дрогенброт и Даниела Андоновска-Трајковска
Translation: Germain Droogenbroodt and Daniela Andonovska-Trajkovska
Избор од тековниот проект “Lamentationes“,
кој ќе биде објавен од Edition Tandem во Салцбург во 2023
ITHACA 728
POINT Editions
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.