ТРАГИ
Бурата се смири:
зрнцата песок се смешаа
со алгите на плажата,
трагите на побеснето насилство.
Но не запира беснеењето на другите места:
куќите се запалени
таму не лежат алги
таму лежат мртвите
како крвави траги
на една убиствена војна.
НАДЕЖ
Зима е:
свежиот ветер ги откина
последните лисја од дрвјата
кои порано им беа заштита
и место за престој на птиците.
Се тресат тие на студеното
но сѐ уште свиркаат
бидејќи тие исто така се надеваат
на подобри времиња.
Germain Droogenbroodt
Жермен Дрогенброт
Translation Germain Droogenbroodt – Stanley Barkan
Превод на наглиски: Жермен Дрoгенброт и Стенли Баркан
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 726
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.