ГРЦИЈА (GREECE)
ХРИСТОС КУКИС (CHRISTOS KOUKIS)
Христос Кукис (1979, Атина) е поет од Грција, директор на меѓународниот поетски фестивал во Крит и уредник на книжевното списание „Поетика Нет“. Учествувал на многу светски значајни поетски фестивали. Неговата поезија е преведувана на повеќе јазици.
НАСПРОТИ УБАВИНАТА
Ќе се потпрам на својот дух за да бидам поразен
во светот на горчината, во целата галаксија
убавината е начинот на кој се смееш кога ќе здогледаш загуба
Подигнат на зрна песок животот трепери бесконечно
Сончевиот тапан се закотви во заливот на парадата на одрекувањето
Дрвената платформа ги повредува морските непца, далгите се ретки на масата на длабините,а
децата ја повлекуваат раката од вчерашноста
Дрвја со бели трски и убав дијалект на песочна плажа
Варовник на петиците на куќите, хлорит и избраздени борби
неми и збунети
На работ на карпата се наоѓа клупа
која ги спасува двете усни од паѓање во бездна
Раскажувај ми за имунитетот на чувствата
сите други зборови треба да се балсамираат
Раскажувај ми за школките, пеј со блескавиот ти ум
пченката ќе ги наврти своите уши да те слушне
Раскажувај ми за квасецот кој ја потквасува венчаницата на морето
за златните парчиња на лактите на морето, за дрвените идоли
натопени со материјали и изрезбаите прстени
за саксиите на скалите и распоредот на лозјето
Раскажувај ми за смртта на стравот
за бледилото на изолацијата
за тоа како се уништени градовите
Препев од српски на македонски: Милица Димитријовска Радевска
Translation from Serbian into Macedonian language: Milica Dimitrijovska Radevska