БАНГЛАДЕШ (BANGLADESH)
ТАРЕК САМИН (TAREQ SAMIN)
Тарек Самин од Бангладеш е поет, писател и уредник на билингвалното книжевно списание „Сахито“ (Sahitto). Автор е на седум книги од кои три книги поезија, три книги со кратки раскази и еден роман. На бенгалски јазик превел две антологии со поезија од 22 поети од 20 земји. Некои од неговите песни се преведени на англиски, шпански, кинески, германски, француски, грчки, италијански, руски, турски, шведски, фински, хебрејски, арапски, виетнамски, хинди, португалски, естонски, словачки, романски, македонски и унгарски јазик.
НОСТАЛГИЈА ЗА ДОМОТ
Реката која ги загубила своите брегови
се исполни со сливот од морето,
калфата кој ја изгубил својата визија
сакајќи го патот
ќе стане светскиот патник Ибн Батута.
Страста за останување дома нè спречува да го видиме
воодушевувањето од Хималаите.
Афинитетот за белиот мек ориз ни ја гаси
жедта за сладост.
За сите оние Гангер -замонашени домашари
престолот на Делхи е како нивна постојана адреса.
Оној кој сака да страда за победа на тагата
Заради надежта за прегратка е поздравен од мирот.
Препев од англиски: Весна Мундишевска-Велјановска
Translation from English into Macedonian:
Vesna Mundishevska-Veljanovska