ИНДИЈА (INDIA)
САНКАР САРКАР (SANKAR SARKAR)
Санкар Саркар (Западен Бенгал, Индија) е индиски поет и професор по англиски јазик и литература со објавени 9 авторски и коавторски поетски книги, главен уредник на книжевното списание Bubble и приредувач на антологии.
РАСТОПЕНА ПОСЛЕДИЦА
Се топиме како мраз
Во радост и во тага
И пропаѓаме во море од заборав!
Патуваме
Како неизбројливи бранови
Од дамнина
И се одбиваме секој миг
Од вечниот брег на создавањето!
Се вртиме како да сме
врвот на Земјата што вибрира
од вистинска радост,
Оковано ни е постоењето
на педесталот на вечноста
заедно со трансцедентализмот
Ние сме последица на околностите
Превод од англиски на македонски:
Даниела Андоновска-Трајковска
Translated from English into Macedonian:
Daniela Andonovska-Trajkovska