Слободни ли сме како пеперутки?
Слободни ли сме? Пеперутките се слободни.
Слободни се да летаат над земјата
И да гледаат со презир на добитокот
И да се одмораат на цвеќињата
И да ја вкусуваат нивната есенција
И да ги чувствуваат нивните мириси.
Слободни се да слетуваат на дрвјата на кои птиците живеат
А бувот се качува и го лови својот плен ноќе.
Пеперутките можат да ја гледаат змијата како се лизга на земјата.
Пеперутките се слободни.
Слободни се да скитаат насекаде —
сеници, гробишта, улици,
каде и да посакаат.
Слободни се да слетаат на земјата,
да нѐ допрат и да направат да се чувствуваме благословено.
Слободни ли сме?
Кога само нашите души би биле слободни како пеперутките.
Tabassum Tahmina Shagufta Hussein, Bangladesh
Tабасум Tамина Шагуфта Хусеин, Бангладеш
Translation: by the author, Stanley Barkan and Daniela Andonovska-Trajkovska
Превод: авторот, Стенли Баркан и Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 723
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 33 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.