ПРВА ПЕСНА
Полето се повлече
гледајќи дека се работи за човечки
конвулзивен напад.
Каква гола бездна лежи
помеѓу маслиновото дрво и човекот!
Животното што пее:
животното што може
да плаче и да закоренува
се сеќава на своите канџи.
Канџи што си ги покриваше
со мазнотија и цвет,
но кои, на крајот, почнува да си ги носи
во сета своја суровост.
Пукаат тие во моите раце.
Држи се настрана од нив, момче.
Подготвен сум да ги заријам
во твоето меко месо.
Сум се претворил во тигар.
Тргни се настрана или ќе те раскинам.
Денес љубовта е смрт
и човек човека го чека во заседа.
Miguel Hernández, Spain, 1910 – 28.3.1942
Мигел Хернандез, Шпанија 1910 – 28.3.1942
Translation Germain Droogenbroodt – Stanley Barkan – Daniela Andonovska-Trajkovska
Превод: Жермен Дрoгенброт, Стенли Баркан и Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 724
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 33 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.